Функции, Делови, Впарување на активните очила за 3d – Samsung PS51F4900AW Instrukcja Obsługi

Strona 131: Совети за гледање

Advertising
background image

Македонски

Функции

Очилата за 3D SSG-5100GB од Samsung овозможуваат да гледате

3D слики на вашиот 3D телевизор. Очилата за 3D од Samsung

комуницираат со 3D телевизорите од Samsung преку RF фреквенција

од 2,4GHz.

Очилата за 3D од Samsung се компатибилни само со 3D

телевизори од серија D, E и F од Samsung кои биле издадени

во 2011, 2012 и 2013 година. Овие очила за 3D не можат да се

поврзат со други уреди со Bluetooth.

Делови

LED индикатор и копче за

напојување

Бленда со течни кристали

Капак за

батерија

За повеќе детали за начинот на прикачување на рамките на

очилата и начинот за впарување на очилата со телевизорот,

погледнете го одделното упатство за очила за 3D.

Впарување на активните очила за 3D

Што значи впарување? Впарувањето е процесот за поврзување

на очилата за 3D на 3D телевизор со цел овие два уреди да

разменуваат податоци.

Внимавајте вашиот телевизор од Samsung и очилата за 3D да не

бидат меѓусебно оддалечени повеќе од 19,5 инчи (50 cm) додека

впарувањето е во тек.

‹

Работен опсег

Препорачана оддалеченост за

впарување

2~6m

50cm

‹

Вклучување на очилата

Кратко притиснете го копчето за

напојување. Зелената LED диода ќе

се вклучи за 3 секунди. (проверете

дали на телевизорот е активирана

функцијата 3D пред да започнете да

ги користите очилата за 3D.)

‹

Исклучување на очилата

Кратко притиснете го копчето за

напојување. Црвената LED диода ќе

се вклучи за 3 секунди.

‹

Извршување на процесот за

впарување

Вклучете го телевизорот и оставете

го целосно да се вклучи. Притиснете

и задржете го копчето за напојување

на очилата. Зелената и црвената

LED диода наизменично ќе трепкаат

2 секунди.

Препорачана оддалеченост за гледање

Препорачана

оддалеченост за

гледање

2-6m

(6,5 до 19,5

стапки)

Препорачана

оддалеченост за

впарување

50 cm или

помалку

(19,5 инчи)

Штом ги впарите очилата за 3D, на ТВ екранот ќе се прикаже

преостанатиот капацитет на батеријата. (Оваа функција ја има

само кај 3D телевизорите од серија F и 3D очилата на Samsung кои

се достапни од 2013 година.)

Ако постојано се обидувате да ги впарите очилата со телевизорот,

нивото на батеријата значително ќе се намали. Меѓутоа, нивото

на батеријата ќе се зголеми до одреден степен за приближно една

минута.

Оддалеченоста на функционирање зависи од пречките (човек,

метал, ѕидови итн.) помеѓу очилата и телевизорот и од јачината на

Bluetooth сигналот.

Исклучете ги очилата за 3D кога не ги користите. Ако ги оставите

очилата за 3D вклучени, работниот век на батеријата ќе се намали.

Чекори за впарување

1. Вклучете го телевизорот, а потоа поместете ги очилата на

растојание до 19,5 инчи од телевизорот.

2. Кратко притиснете го копчето за напојување на очилата за 3D.

Очилата за 3D ќе се вклучат и впарувањето ќе започне.

3. Кога впарувањето успешно ќе заврши, на ТВ екранот ќе се прикаже

пораката “3D очилата се поврзани со ТВ.”.

Ако впарувањето не успее, очилата за 3D ќе се исклучат.

Ако првиот обид за впарување не успее, исклучете го и

повторно вклучете го телевизорот и извршете го чекорот 2.

Како повторно да извршите впарување: Притиснете го

копчето за напојување на очилата за 3D повеќе од 1 секунда.

<Впарувањето мора повторно да се изврши во следните ситуации:>
• Доколку очилата за 3D не функционираат, дури и кога се притиска

копчето за напојување на 3D телевизорот кој сте го вратиле од

поправка.

• Доколку сакате да репродуцирате 3D содржини на друг модел на 3D

телевизор од Samsung кој припаѓа на серијата D, E или F, издаден

во периодот од 2011 до 2013 година. Мора да ги впарите очилата со

друг телевизор.

Заменување на батеријата

Ако црвената LED диода трепка континуирано на секои две секунди,

заменете ја батеријта со нова батерија.

Повлечете

го капакот на

батеријата надолу

Отворете го

капакот на

батеријата

Отстранете ја

батеријата

Заменете ја

батеријата

Турнете го капакот

на батеријата

надолу

Затворете го

капакот на

батеријата

Вметнете ја страната "+" на батеријата кон страната означена со

"+" во одделот за батерии.

За да го проверите преостанатиот капацитет на батеријата,

погледнете го делот за впарување во овој прирачник.

Совети за гледање

• Кога гледате 3D видео под флуоресцентна лампа (50 Hz – 60 Hz) или

лампа со 3 бранови должини, може да забележите мало треперење

на екранот.

• Ако се случи тоа, затемнете ги или исклучете ги светилките.
• Менувањето на влезниот режим додека гледате 3D филм може да ја

исклучи 3D функцијата на телевизорот. Како резултат на тоа, очилата

за 3D може да не функционираат и филмот нема да се прикаже

правилно.

• Ако очилата за 3D се изнесат од нивната оддалеченост на

функционирање, сигналот од телевизорот ќе се прекине и функцијата

на очилата за 3D ќе се исклучи по неколку секунди.

• Очилата за 3D ќе се исклучат по исклучување на 3D функцијата. Кога

ќе се случи тоа, црвената LED диода ќе се вклучи за 3 секунди.

• Во некои случаи, очилата за 3D може неправилно да функционираат

поради пречки од други уреди.

• Проверете дали сте во потребната оддалеченост на функционирање

на очилата кога гледате 3D видео.

• Сликата нема да се гледа во 3D доколку излезете од оддалеченоста

на функционирање за 3 секунди.

• Ако лежите странично додека гледате телевизија со активни очила

за 3D, сликата може да изгледа затемнета или воопшто да не биде

видлива.

• Очилата за 3D може да не работат правилно поради пречки од други

3D производи или електронски уреди кои работат на фреквенција од

2,4GHz, како микробранова печка или пристапна точка за интернет.

Ако 3D функцијата не функционира правилно поради пречки,

поместете ги останатите електронски уреди или уреди за безжична

комуникација колку што е можно подалеку од очилата и телевизорот.

Активни очила за 3D - SSG-5100GB

Македонски - 11

PF4900-XC_MKD.indd 11

2013-02-07 �� 5:16:57

Advertising
Podręcznik ten jest związany z następujących produktów: