Почетно поставување, Менување на влезниот извор извор – Samsung PS51F4900AW Instrukcja Obsługi
Strona 126
Користење на контролното копче на телевизорот (копче на панелот)
Контролното копче на телевизорот, мало копче во вид на управувачка палка сместено на задната лева страна на телевизорот, ви
овозможува да го контролирате телевизорот без далечинскиот управувач.
✎
Некои функции, за кои е потребен PIN код, може да не бидат достапни.
✎
Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.
✎
Со притиснување на контролното копче подолго од 1 секунда може да излезете од менито.
✎
При користење на контролното копче во насоките нагоре/надолу/лево/десно, внимавајте да не го притиснете
контролното копче навнатре. Ако го притиснете контролното копче навнатре, тоа нема да се придвижи во насоките
нагоре/надолу/лево/десно.
Сензор за далечинскиот управувач
Контролно копче на телевизорот
Сликата е нацртана гледајќи ја предната
страна на телевизорот.
Врати
Избирање на функцијата
Media Play
Избирање на
Извор
Исклучи
Избирање на
функцијата
Мени
Мени за функции
Режим на подготвеност
Не оставајте го вашиот телевизор подолг период во режим на подготвеност (на пример, додека сте на одмор). Иако копчето за
напојување е исклучено, телевизорот користи мало количество на електрична енергија. Најдобро е да го исклучите кабелот за
напојување.
Почетно поставување
При првото вклучување на телевизорот, во конфигурирањето на основните поставувања ќе ви помогнат серија на прозорци за
потврда на екранот. Притиснете го копчето
POWER
P. Постав. е достапно само кога изворот е поставен на ТВ.
Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција...
Изберете
Систем - Постав. (почетно поставување). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Зададениот PIN број е “0-0-0-0”. Ако
сакате да го промените PIN бројот, употребете ја функцијата
Измени PIN.
Потребно е повторно да извршите
Постав. (
MENU
→
Систем) во домот, дури и ако веќе сте го направиле тоа во продавницата.
✎
Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата од далечинскиот управувач по следниот редослед во режим
на подготвеност, по што PIN кодот ќе се ресетира на “0-0-0-0” :
MUTE
→ 8 → 2 → 4 →
POWER
(вклучување).
Менување на влезниот извор
Извор
ТВ / Надв. / HDMI1 / HDMI2/DVI / AV / Компонента
Користете го за избирање на телевизорот или други надворешни влезни извори како DVD / Blu-ray плеер / кабелски приемник /
STB сателитски приемник кои се поврзани на телевизорот.
✎
Притиснете го копчето
SOURCE
. Во прикажаниот список на функцијата
Извор, поврзаните влезни сигнали ќе бидат
означени.
✎
Нема влезен приклучок D-Sub за компјутер. Ако сакате да го поврзете компјутерот со телевизорот, може да поврзете
HDMI кон DVI кабел во приклучокот
HDMI IN 2(DVI)
на телевизорот.
✎
Режимот
Надв. секогаш е активен.
✎
Притиснете го копчето
TOOLS
.
•
Уреди име
Можете да ги именувате надворешниот влезнен извор по Ваша желба.
–
При поврзување со компјутер преку приклучокот
HDMI IN 2(DVI)
со помош на HDMI кабел, треба да го поставите
телевизорот во
PC режим во функцијата Уреди име.
–
При поврзување со компјутер преку приклучокот
HDMI IN 2(DVI)
со помош на HDMI кон DVI кабел, треба да го
поставите телевизорот во
DVI PC режим во функцијата Уреди име.
–
При поврзување на AV уреди преку
HDMI IN 2(DVI)
приклучокот со помош на HDMI кон DVI кабел, треба да го
поставите телевизорот во режим на
DVI уреди во функцијата Уреди име.
•
Информации
Можете да ги видите деталните информации за поврзаниот надворешен уред.
Македонски - 6
PF4900-XC_MKD.indd 6
2013-01-31 �� 4:16:39