Мрежна врска – Samsung PS51F4900AW Instrukcja Obsługi
Strona 128
Поврзување со отворот за ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРФЕЈС (отвор за картичка за гледање кај
вашиот телевизор)
За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI
or CI+ CARD”.
• Доколку не вметнете “CI or CI+ CARD”, на некои канали ќе се
прикаже пораката “Кодиран сигнал”.
• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои
содржат телефонски број, ID ознаката на “CI or CI+ CARD”, Host
ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка,
ве молиме обратете се до давателот на услугата.
• По завршување на конфигурирањето на информациите
за каналите ќе се прикаже пораката “Updating Completed”,
известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.
• Сликата може да биде различна, во зависност од
моделот.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• “CI or CI+ CARD” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.
• При отстранување на “CI or CI+ CARD”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI or CI+ CARD” ви падне може да
ја оштетите.
• Вметнете ја “CI or CI+ CARD” во насоката која е означена на картичката.
• Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од моделот.
• “CI or CI+ CARD” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот продавач.
• Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.
• Вметнете ја “CI or CI+ CARD” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават
изобличувања или ништо нема да се прикаже.
Мрежна врска
Мрежна врска - Безжичен
Можете да го поврзете телевизорот на вашата LAN мрежа преку стандарден безжичен рутер или модем. За безжично
поврзување, прво мора да го приклучите “адаптерот за безжичен LAN од Samsung” (WIS12ABGNX, WIS09ABGNX - се продава
одделно) во USB приклучокот од едната страна на вашиот телевизор. Погледнете ја сликата подолу.
Приклучок за LAN на ѕидот
LAN кабел
Безжичен IP разделник
(безжичен разделник со DHCP
сервер)
Samsung безжиченLAN адаптер
USB приклучок на страничната
плоча на телевизорот
Адаптерот за безжичен LAN од Samsung се продава одделно и може да се купи кај одредени продавачи и на интернет страници
за продажба. Адаптерот за безжичен LAN од Samsung ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g и n. Samsung
препорачува користење на IEEE 802.11n. Кога репродуцирате видео запис преку мрежна врска, можно е видео записот да не се
репродуцира рамномерно.
Повеќето безжични мрежни системи се одликуваат со безбедносен систем кој од уредите кои пристапуваат на мрежата преку
пристапна точка или безжичен рутер (најчесто безжичен IP разделник) бара да емитуваат шифриран безбедносен код наречен
клуч за пристап.
Ако го изберете режимот HIGH PURE THROUGHPUT (Greenfield) 802.11n, а видот на шифрирање за вашиот безжичен рутер
го поставите на WEP, телевизорите на Samsung нема да ја поддржат врската во согласност со новите спецификации за Wi-Fi
сертификатите.
Македонски - 8
PF4900-XC_MKD.indd 8
2013-01-31 �� 4:16:41