Samsung PE43H4500AW Instrukcja Obsługi
Strona 146
Македонски - 14
Проблеми
Решенија и објаснувања
Звучниците репродуцираат
несоодветен шум.
• Проверете ги поврзувањата на каблите. Проверете дали видео кабелот е поврзан на аудио влез.
• Проверете ја јачината на сигналот на антенската или кабелската врска. Ниското ниво на сигнал може
да предизвика изобличување на звукот.
Нема слика, нема видео сигнал
Телевизорот не сака да се
вклучи.
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето
POWER
на телевизорот за да проверите дали далечинскиот
управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го “Далечинскиот управувач
не функционира” подолу.
Телевизорот автоматски се
исклучува.
• Проверете дали функцијата Време на искл. е поставена на Иск во менито Време.
• Ако вашиот телевизор е поврзан на компјутер, проверете ги поставувањата за напојување на
компјутерот.
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.
• При гледање на телевизија преку антена или кабелска врска, телевизорот ќе се исклучи по 10 - 15
минути доколку нема сигнал.
Нема слика/видео сигнал.
• Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се
поврзани на телевизорот и надворешните уреди).
• Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top box приемник, DVD
плеер, Blu-ray итн.) да одговара на поврзувањето со влезот на телевизорот. На пример, ако излезот
на надворешниот уред е HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.
• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притиснување на копчето
SOURCE
на далечинскиот управувач на телевизорот.
• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување
на уредот.
Антенска(Ант./Кабел) врска
Телевизорот не ги прима
сите канали.
• Проверете дали кабелот од антената е добро приклучен.
• Обидете се со функцијата Постав. (почетно поставување) да ги додадете достапните канали на
списокот со канали. Одете во
MENU
- Систем - Постав. (почетно поставување) и почекајте да се
зачуваат сите достапни канали.
• Проверете дали антената е правилно позиционирана.
Сликата е изобличена:
грешка во макро блокот,
малиот блок, точки,
пикселизација
• Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено на
слики со брзи движења како кај спортот или динамичните филмови.
• Слабиот сигнал може да предизвика изобличување на сликата. Овој проблем не е поврзан со
телевизорот.
Останато
Сликата не може да се
прикаже на цел екран.
• HD каналите имаат црни ленти на сите рабови на екранот кога прикажуваат зголемени SD (4:3)
содржини.
• При гледање филмови кои имаат различен сооднос на сликата од вашиот телевизор, на горниот и
долниот раб ќе се прикажат црни ленти.
• Поставете ги опциите за големина на слика на вашиот надворешен уред или телевизор на цел екран.
Од телевизорот со плазма се
слуша континуиран шум.
• Од телевизорите со плазма вообичаено се слуша тивок континуиран звук. Ова е нормално. Таквиот
шум го предизвикуваат електричните полнежи кои се користат за создавање слики на екранот.
• Ако континуираниот звук е гласен, можно е да сте ја поставиле осветленоста на телевизорот
премногу високо. Обидете се да ја намалите осветленоста.
• Гласниот шум може да биде предизвикан и доколку задниот дел од вашиот телевизор со плазма е
премногу блиску до ѕидот или друга тврда површина. Исто така, можете да се обидете одново да ги
приклучите каблите за поврзување.
• Неправилното ѕидно монтирање може да предизвика преголем шум.
Проблем со задржување на
сликата (заостанати слики).
• За да се минимизира можноста од прегорување на екранот, овој уред е опремен со технологијата
Промена на пиксел за намалување на можноста за прегорување на екранот. Технологијата Промена
на пиксел ви овозможува да ја поставите сликата да врши мало придвижување нагоре и надолу
(вертикална линија) и странично (хоризонтална точка). Стандардното, мало придвижување на сликата
ја намалува можноста за прегорување на екранот.
Далечинскиот управувач не
функционира.
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот
(+/–).
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од
1,5 - 1,8 m.
[PH4500-XH]BN68-05773D-01L09.indb 14
2014-02-13 10:19:58