Совети за корисниците – Samsung PE43H4500AW Instrukcja Obsługi

Strona 136

Advertising
background image

Македонски - 4

Совети за корисниците

• Задржување на сликата на екранот

Избегнувајте прикажување на неподвижна слика (како при играње игри) и мали неподвижни ознаки на
екранот со плазма подолго време, бидејќи тоа може да предизвика задржување на сликата на екранот. Ова
заостанување на сликата е познато и како “горење на екранот”. За да избегнете заостанување на сликата,
намалете го нивото на осветленост и контраст на екранот при прикажување на неподвижна слика.

• Топлина на горниот дел од телевизорот со плазма

По долги периоди на користење горниот дел од производот може да стане многу топол бидејќи топлината
од екранот низ отворот за вентилација се движи кон горниот дел на производот. Ова е нормално и не
претставува знак на дефект или проблем во функционирањето на производот.

Меѓутоа, на децата не треба да им се дозволи да го допираат горниот дел на уредот.

• Производот создава звук на “крцкање”.

Понекогаш може да се слушне звук на “крцкање” при собирањето или ширењето на производот кое
настанува заради промените на температурата или влажноста во околината. Ова е нормално и не
претставува знак на дефект.

• Дефекти на ќелиите

PDP телевизорот користи екран кој се состои од 2.360.000(HD-ниво) до 6.221.000(FHD-ниво) пиксели за чие
создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, на екранот може да се појават неколку светли
или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.

• Избегнувајте користење на телевизорот на температури под 41°F (5°C)

• Предолгото прикажување на неподвижна слика може да предизвика трајно оштетување на PDP

екранот.

Гледањето на плазма телевизорот во формат 4:3 подолг период може да остави траги
на левиот, десниот и централниот дел од екранот, кои се јавуваат поради разликата во
емитувањето на светлината на екранот. Репродукцијата од DVD или конзола за игри може да
предизвика слични ефекти на екранот.

Оштетувањето предизвикано од горниот ефект не е покриено со гаранцијата.

• Заостанати облици од сликата на екранот.

Прикажувањето на неподвижна слика од видео игри и компјутер подолг временски период може да
предизвика делумни заостанати облици на сликата.

За спречување на овој ефект, намалете го “интензитетот” и “контрастот” при прикажување на неподвижни
слики подолго време.

• Гаранција

Гаранцијата не ги покрива оштетувањата предизвикани од задржување на сликата на екранот.

Горењето на екранот не е покриено со гаранцијата.

• Внимание

Стаклото на екранот на вашиот PDP телевизор може да се скрши доколку телевизорот
случајно падне. Внимателно ракувајте со телевизорот.

Како безбедносна мерка, при преместување на телевизорот, секогаш се потребни две или
повеќе лица за подигнување и пренесување. Не потпирајте го телевизорот на предната или
задната страна.

Вашиот плазма телевизор од Samsung е висококвалитетен телевизор кој е внимателно спакуван за да се
заштити интегритетот на стаклениот екран и составните делови при испорака. Всушност, тој е кршлив
електронски уред, за кој е потребно внимателно ракување. Не дозволувајте да дојде до притиснување на
кој било дел од пакувањето при испорачување или отпакување на телевизорот. Бидете внимателни при
инсталирање на телевизорот. Не го поставувајте телевизорот на места во кои може да се заглави, да биде
изложен на удар од остри предмети или да падне. Кршењето на панелот како резултат на паѓање или удар
не е покриено во гаранцијата која ја нуди производителот.

[PH4500-XH]BN68-05773D-01L09.indb 4

2014-02-13 10:19:55

Advertising
Podręcznik ten jest związany z następujących produktów: