English – Samsung PE43H4500AW Instrukcja Obsługi
Strona 139
Македонски - 7
English
Македонски
Користење на контролното копче на телевизорот
(копче на панелот)
Контролното копче на телевизорот, мало копче во вид на управувачка палка сместено на задната десна страна
на телевизорот, ви овозможува да го контролирате телевизорот без далечинскиот управувач.
✎
Некои функции, за кои е потребен PIN код, може да не бидат достапни.
✎
Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.
✎
Со притиснување на контролното копче подолго од 1 секунда може да излезете од менито.
✎
При користење на контролното копче во насоките нагоре/надолу/лево/десно, внимавајте да не го
притиснете контролното копче навнатре. Ако го притиснете контролното копче навнатре, тоа нема да се
придвижи во насоките нагоре/надолу/лево/десно.
Сензор за далечинскиот управувач
Контролно копче на телевизорот
Сликата е нацртана гледајќи ја
предната страна на телевизорот.
Врати
Избирање на функцијата Media Play
Избирање на Извор
Исклучи
Избирање на функцијата Мени
Мени за функции
Режим на подготвеност
Не оставајте го вашиот телевизор подолг период во режим на подготвеност (на пример, додека сте на одмор).
Иако копчето за напојување е исклучено, телевизорот користи мало количество на електрична енергија.
Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.
За јасно гледање на аналогни канали, не
дозволувајте каблите од антената да допираат
на задниот дел од телевизорот.
Поврзете ги каблите од антената директно, без
да користите разделник.
✎
PDP уредот може да пречи на обично радио или AM радио.
✎
Ако користите двонасочни мобилни радио и преносливи уреди, аматерско радио или AM радио во
близина на вашиот телевизор, може да предизвикате неправилно работење на телевизорот.
[PH4500-XH]BN68-05773D-01L09.indb 7
2014-02-13 10:19:56