Постапка за поднесување на гарантно барање, Гарантни услови, Македонски – Samsung UE46F6100AW Instrukcja Obsługi

Strona 133: Македонски- 13

Advertising
background image

Македонски

ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА

ГАРАНТНО БАРАЊЕ

За да поднесете барање во рамките на гаранцијата, мора да се

обратите во центарот на Samsung за време на гарантниот период и да

ги објасните проблемите кои се јавиле кај производот. Ако е потребна

поправка или замена, ќе добиете број на гарантно барање и адреса од

овластениот сервисен центар.
Доколку добиете број на гарантно барање, за остварување на правата

за поправка или замена на производот мора да го испратите производот

во препорачаниот овластен сервисен центар заедно со:
• копија од пополнетата гарантна картичка или, ако веќе сте ја

доставиле до компанијата Samsung, вашето име, адреса и телефон

за контакт;

• оригиналната сметка, фактура или сметкопотврда за купување на

новиот производ;

• вашиот број на гарантно барање.

Потоа компанијата Samsung ќе изврши поправка или замена на

производот и ќе ви го врати користејќи ги доставените детали за

контакт.

ГАРАНТНИ УСЛОВИ

1. Гаранцијата е валидна само доколку ја следите горенаведената

постапка за поднесување гарантно барање.

2. Обврските на компанијата Samsung се ограничени на поправка

или замена на производот или неговиот неисправен дел, според

сопствената дискреција.

3. Поправките за време на гаранцијата мора да се извршат во

овластен сервисен центар на Samsung. Не постои право на

надомест за поправки извршени од страна на сервисни центри

или набавувачи кои не ги овластила компанијата Samsung

и гаранцијата не ги покрива таквите поправки и оштети на

производот кои настанале поради тие поправки.

4. Овој производ не се смета за неисправен во поглед на

материјалите или изработката доколку за него е потребно

прилагодување со цел да ги исполни националните и локалните

технички или безбедносни стандарди кои се на сила во државата,

освен оние за кои производот е оригинално дизајниран и

произведен. Оваа гаранција не опфаќа и не обезбедува надомест

за таквиот вид на прилагодувања, ниту пак за оштетувањата кои

можат да произлезат од нив.

5. Оваа гаранција не се однесува на производи кои биле оштетени

или станале неисправни како резултат на следниве причини:

• како резултат на несреќа, неправилно користење или

злоупотреба;

• поради неможност за користење на производот за неговата

стандардна употреба;

• поради користење на делови кои не ги произведува или

продава компанијата Samsung;

• поради модификации без пишана дозвола од компанијата

Samsung;

• поради оштетување при транспорт, невнимание, струен удар

или застој во функционирањето;

• поради оштетување од удар од гром, вода, оган или виша сила;
• како резултат на вообичаеното трошење и абење; или
• поради разликите во начините на емитување или во

стандардите за производот во различни држави.

6. Оваа гаранција е валидна за секое лице кое било во легален посед

на производот за време на гарантниот период.

7. НИТУ ЕДЕН ОД ГАРАНТНИТЕ УСЛОВИ НЕ ЈА ПОНИШТУВА

ИЛИ ОГРАНИЧУВА ОДГОВОРНОСТА НА КОМПАНИЈАТА

SAMSUNG ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ ИЛИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ДОКАЖАНО НЕВНИМАНИЕ ОД СТРАНА НА

КОМПАНИЈАТА SAMSUNG, ОСВЕН АКО ТОА ОГРАНИЧУВАЊЕ

ИЛИ ПОНИШТУВАЊЕ Е ДОЗВОЛЕНО СО ПРИМЕНЕТ ЗАКОН.

8. СО ИСКЛУЧОК НА ОДГОВОРНОСТА НА КОМПАНИЈАТА

SAMSUNG, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОНИШТИ ИЛИ ОГРАНИЧИ

СО ЗАКОН, КОМПАНИЈАТА SAMSUNG НЕМА ДА СНОСИ

ОДГОВОРНОСТ ЗА: КАКВИ БИЛО ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ,

ПОСЕБНИ ИЛИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ОШТЕТУВАЊА, ЗАГУБИ

ИЛИ ТРОШОЦИ; ИЗГУБЕН ПРОФИТ; НЕМОЖНОСТ ЗА

КОРИСТЕЊЕ ИЛИ ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ; ЗАГРОЗУВАЊЕ

НА ДОБРИОТ ГЛАС, РЕПУТАЦИЈАТА ИЛИ ДЕЛОВНОТО

РАБОТЕЊЕ КОЕ ДИРЕКТНО ИЛИ ИНДИРЕКТНО ПРОИЗЛЕГУВА

ОД КУПУВАЊЕТО, КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ ПРОДАЖБАТА

НА ПРОИЗВОДОТ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ КОМПАНИЈАТА

SAMSUNG БИЛА ЗАПОЗНАЕНА ИЛИ СВЕСНА ЗА МОЖНОСТА

ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА ТАКВИ ОШТЕТУВАЊА, ЗАГУБИ ИЛИ

ТРОШОЦИ.

9. СО ИСКЛУЧОК НА ОДГОВОРНОСТА НА КОМПАНИЈАТА

SAMSUNG, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОНИШТИ ИЛИ ОГРАНИЧИ

СО ЗАКОН, ОДГОВОРНОСТА НА КОМПАНИЈАТА SAMSUNG

КОЈА Е ОПФАТЕНА ИЛИ ПОВРЗАНА СО ОВАА ГАРАНЦИЈА ИЛИ

НАБАВКА, КОРИСТЕЊЕ ИЛИ ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДОТ

НЕМА ДА ЈА НАДМИНЕ ЦЕНАТА КОЈА БИЛА ПЛАТЕНА ЗА

НОВИОТ ПРОИЗВОД.

10. ОСВЕН АКО ВО ГАРАНЦИЈАТА НЕ Е НАВЕДЕНО ПОИНАКУ, СО

ОВА СЕ ПОНИШТУВААТ СИТЕ УСЛОВИ, ГАРАНЦИИ И ОДРЕДБИ

КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ИЛИ ДРУГИ ПРОПИСИ, ДО

МАКСИМАЛЕН ОПСЕГ ДОЗВОЛЕН ОД ЗАКОНОТ.

11. Горенаведените гарантни услови не влијаат на вашите

потрошувачки и други права во рамките на законот.

Македонски- 13

[UF6100-XH]BN68-04906C-08L09.indb 13

2013-11-20 1:10:32

Advertising
Podręcznik ten jest związany z następujących produktów: