Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид, Обезбедување на просторот за инсталација – Samsung PS43F4500AW Instrukcja Obsługi

Strona 123

Advertising
background image

Македонски

Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид

Внимание: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика негово паѓање. Особено

внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат; тоа може да доведе до

превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни

мерки кои се наведени во вклучениот безбедносен леток. За дополнителна стабилност, поставете го безбедносниот

систем против паѓање, според следното упатство.

За да избегнете паѓање на телевизорот

1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за

ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.

Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како

типли, во зависност од типот на ѕидот.

Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици

не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите

дополнително.

2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од

телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно

стегнете ги завртките на телевизорот.

Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој

случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации.

3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и

прицврстувачите поставени на ѕидот со јака жица и потоа силно

затегнете ја жицата.

ЗАБЕЛЕШКА

• Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да

падне наназад.

• Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите

поставени на ѕидот се наоѓаат на иста висина или пониско од

прицврстувачите поставени на телевизорот.

• Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.

4. Проверете дали сите поврзувања се безбедни. Периодично

проверувајте ги поврзувањата заради можно разлабавување и

неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето

поврзување, обратете се до професионален монтер.

Ѕид

Бојата и обликот на производот може да се

разликуваат во зависност од моделот.

Обезбедување на просторот за инсталација

Одржувајте го потребното растојание помеѓу телевизорот и останатите предмети (на пр. ѕидови) за да овозможите соодветна инсталација.
Доколку не се придржувате до ова, може да предизвикате пожар или проблем кај производот поради зголемување на внатрешната температура на

производот.

Доколку користите држач или ѕиден носач, користете делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics.

• Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате проблем кај производот или повреда поради неисправност

на уредот.

Изгледот може да се разликува во зависност од производот.

Внимавајте кога го допирате телевизорот, бидејќи некои делови може да бидат многу загреани.

Инсталација со држач.

Инсталација со ѕиден носач.

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

Македонски - 15

PF45005000-XC_MKD.indd 15

2013-01-31 �� 4:10:45

Advertising
Podręcznik ten jest związany z następujących produktów: