Известување за дигитална телевизија, Совети за корисниците, Македонски – Samsung PS43F4500AW Instrukcja Obsługi
Strona 111: Македонски - 3
Македонски
За повеќе информации за начинот на користење на e-Manual (стр. 9)
Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот
приказ на произвоот. Дизајнот и спецификациите на производот можат да се променат без претходно известување.
Известување за дигитална телевизија
1. Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски сигнали
DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија DVB-C (MPEG2 и
MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.
2. DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува стандард
за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (електронски програмски водич), VOD (видео по
потреба) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.
3. Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме
компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.
4. Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви наплатат
за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.
5. Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со некои
даватели на кабелски услуги.
6. За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.
✎
Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави. Проверете ги
перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на Samsung, за да дознаете
дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.
Совети за корисниците
•
Задржување на сликата на екранот
Избегнувајте прикажување на неподвижна слика (како при играње игри) на екранот со плазма подолго време, бидејќи тоа може да предизвика
задржување на сликата на екранот. Ова заостанување на сликата е познато и како “горење на екранот”. За да избегнете заостанување на
сликата, намалете го нивото на осветленост и контраст на екранот при прикажување на неподвижна слика.
•
Топлина на горниот дел од телевизорот со плазма
По долги периоди на користење горниот дел од производот може да стане многу топол бидејќи топлината од екранот низ отворот за вентилација
се движи кон горниот дел на производот.
Ова е нормално и не претставува знак на дефект или проблем во функционирањето на производот.
Меѓутоа, на децата не треба да им се дозволи да го допираат горниот дел на уредот.
•
Производот создава звук на “крцкање”.
Понекогаш може да се слушне звук на “крцкање” при собирањето или ширењето на производот кое настанува заради промените на
температурата или влажноста во околината. Ова е нормално и не претставува знак на дефект.
•
Дефекти на ќелиите
PDP телевизорот користи екран кој се состои од 2.360.000(HD-ниво) до 6.221.000(FHD-ниво) пиксели за чие создавање е потребна
софистицирана технологија. Сепак, на екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво
влијание на перформансите на уредот.
•
Избегнувајте користење на телевизорот на температури под 41°F (5°C)
•
Предолгото прикажување на неподвижна слика може да предизвика трајно оштетување на PDP екранот.
Гледањето на плазма телевизорот во формат 4:3 подолг период може да остави траги на левиот, десниот и централниот дел
од екранот, кои се јавуваат поради разликата во емитувањето на светлината на екранот. Репродукцијата од DVD или конзола за
игри може да предизвика слични ефекти на екранот.
Оштетувањето предизвикано од горниот ефект не е покриено со гаранцијата.
•
Заостанати облици од сликата на екранот.
Прикажувањето на неподвижна слика од видео игри и компјутер при подолг временски период може да предизвика делумни заостанати облици
на сликата.
За спречување на овој ефект, намалете го “интензитетот” и “контрастот” при прикажување на неподвижни слики подолго време.
•
Гаранција
Гаранцијата не ги покрива оштетувањата предизвикани од задржување на сликата на екранот.
Горењето на екранот не е покриено со гаранцијата.
Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична и електронска опрема)
(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на отпадоци)
Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач,
слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се
спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од
другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторното користење на материјалите. Корисниците од домаќинствата би требало да
се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат да ги однесат овие предмети
на безбедно рециклирање. Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за
купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.
Правилно отстранување на батериите од овој производ
(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување на батерии)
Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот
отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум
или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат
штети на човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите,
одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.
✎
Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е
произведен за корисници во регионот на ЕУ.
Македонски - 3
PF45005000-XC_MKD.indd 3
2013-01-31 �� 4:10:35