Инструкции за безбедност, 1 безбедност на деца и ранливи лица, 2 монтажа – AEG F5540PVI0P Instrukcja Obsługi
Strona 3: Поврзување со струја, Поврзување на водата
1. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој
апарат, внимателно прочитајте ги
доставените упатства.
Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и
ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда
или траен инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица,
вклучително и деца, со намалени
физички сетила, намалени
ментални функции или недостаток
на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Тие мора да
бидат под надзор или да добиваат
упатства за ракување со апаратот
од лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
• Деца не смеат да играат со
апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од
дофат на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана
од дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата
на апаратот кога е отворена.
1.2 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Проверете дали апаратот е
монтиран под или во близина на
безбедна структура.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информациите за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓаат со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓаат, контактирајте со
електричар.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не предизвикате
штета на приклучокот и кабелот за
струја. Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
сервисен центар.
• Поврзете го приклучникот за струја
со штекерот дури на крајот на
монтирањето. Проверете дали
штекерот за струја е пристапен по
монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја
за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучникот.
• Не допирајте го кабелот за струја
или приклучникот со влажни раце.
• Овој апарат е усогласен со
Директивите на ЕЕЗ.
Поврзување на водата
• Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
• Пред да го поврзете апаратот со
нови цевки или цевки што не биле
користени подолго време, оставете
водата да тече додека не започне
да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите
апаратот, проверете дали од некаде
протекува.
• Доводното црево е со безбедносен
вентил и двојна обвивка со
внатрешен кабел за струја.
МАКЕДОНСКИ
3