AEG F5540PVI0P Instrukcja Obsługi
Strona 16
Проблем
Можно решение
Погрижете се притисокот на доводот на
вода да не е пренизок. За овие
информации, јавете се во локалното
водостопанство.
Погрижете се славината за вода да не е
затната.
Погрижете се филтерот во доводното
црево да не е затнат.
Погрижете се доводното црево да не е
засукано или свиткано.
Апаратот не ја испушта
водата.
Погрижете се одводната цевка да не е
затната.
Погрижете се одводното црево да не е
засукано или свиткано.
Вклучен е уредот против
поплавување.
Затворете ја славината за вода и
контактирајте со сервисот.
Откако ќе ја изведете проверката,
вклучете го апаратот. Програмата
продолжува од точката на прекинот.
Ако повторно се појави проблемот,
контактирајте со сервисот.
Ако екранот прикажува други шифри
за тревога, контактирајте со сервисот.
10.1 Резултатите од миењето
и сушењето не се
задоволителни
Има белузлави остатоци и дамки или
синкасти слоеви на чашите и
садовите
• Испуштената количина на
средството за плакнење е многу
голема. Поставете го бирачот за
средство за плакнење на пониска
позиција.
• Имало премногу детергент.
Дамки и капки од вода на чаши и
садови
• Испуштената количина на
средството за плакнење не е
доволна. Поставете го бирачот за
средство за плакнење на повисока
позиција.
• Квалитетот на детергентот може да
е причина.
Садовите се влажни
• Програмата нема фаза на сушење
или има фаза на сушење со ниска
температура.
• Дозерот за средството за плакнење
е празен.
• Количината на средството за
плакнење може да е причина.
• Количината на комбинираните
таблети со детергент може да е
причина. Пробајте друга марка или
активирајте го дозерот за средство
за плакнење и средството за
плакнење заедно со комбинираните
детергент таблети.
Видете во ‘ПОМОШ И
СОВЕТИ’ за други можни
причини.
10.2 Како да го вклучите
дозерот за средство за
плакнење
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режим на
поставување, видете во
„Подесување и стартување на
програма“.
2. Притиснете и држете ги
истовремено,
и
сé
16 www.aeg.com