Решавање на проблеми, Лиценца листа на функции – Samsung LE19D450G1W Instrukcja Obsługi
Strona 111
Македонски - 15
15
Решавање на проблеми
Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете
да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.
com,” а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.
Проблеми
Решенија и објаснувања
Телевизорот не сака да се вклучи. • Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот
приклучок и телевизорот.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето
POWER
на телевизорот за да проверите
дали далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи,
погледнете го делот “Remote control does not work” подолу.
Нема слика/видео сигнал.
• Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги
сите кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди).
• Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top box
приемник, DVD плеер, Blu-ray итн.) да одговара на поврзувањето со влезот на
телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред е HDMI, тој треба да
биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.
• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со
притиснување на копчето
SOURCE
на далечинскиот управувач.
• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на
кабелот за напојување на уредот.
Далечинскиот управувач не
функционира.
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока
на поларитетот (+/–).
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далеч. директно кон ТВ од 150-180 см оддалеченост.
Далечинскиот управувач од
кабелскиот/set top box приемник
не го вклучува и исклучува
телевизорот и не ја прилагодува
јачината на звукот.
• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник
да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на
кабелскиот/сателитскиот уред и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од
SAMSUNG.
✎
Можете да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба преку надградба со најновиот фирмвер на
интернет страницата (samsung.com -> Поддршка -> Преземања) преку USB.
✎
Овој TFT LCD екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија.
Сепак, на екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат
никакво влијание на перформансите на уредот.
Лиценца
Листа на функции
Одличен дигитален интерфејс и поврзување во мрежа: Благодарение на вградениот HD дигитален приемник,
можете да гледате HD преноси за кои не е потребна претплата без кабелски / STB (Set-Top-Box) сателитски
приемник.
Мои содржини
Овозможува репродукција на музички фајлови, слики и филмови зачувани на USB уред.
Anynet+ (HDMI-CEC)
Овозможува контрола на сите поврзани уреди од Samsung кои поддржуваат anynet+ со далечинскиот управувач од
вашиот телевизор.
[LD450-XH]BN68-03394D-L09.indb 15
2011-03-01 �� 10:01:40