Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид, Kensington брава против кражба – Samsung UE42F5000AW Instrukcja Obsługi
Strona 123
Македонски
Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика негово паѓање. Особено
внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат; тоа може да доведе до
превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни
мерки кои се наведени во вклучениот безбедносен леток. За дополнителна стабилност, поставете го безбедносниот
систем против паѓање, според следното упатство.
За да избегнете паѓање на телевизорот
1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за
ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.
✎
Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како
типли, во зависност од типот на ѕидот.
✎
Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици
не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите
дополнително.
2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од
телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно
стегнете ги завртките на телевизорот.
3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и
прицврстувачите поставени на ѕидот со јака жица и потоа силно
затегнете ја жицата.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да
падне наназад.
• Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите
поставени на ѕидот се наоѓаат на иста висина или пониско од
прицврстувачите поставени на телевизорот.
• Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.
4. Проверете дали сите поврзувања се безбедни. Периодично
проверувајте ги поврзувањата заради можно разлабавување и
неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето
поврзување, обратете се до професионален монтер.
Ѕид
✎
Бојата и обликот на производот може да се
разликуваат во зависност од моделот.
Kensington брава против кражба
Kensington бравата не е испорачана од страна на Samsung. Тоа е уред кој се користи за физичко прицврстување на системот при
користење на јавни места. Изгледот и методот за заклучување може да се разликува од приказот во зависност од произведувачот.
За дополнителни информации околу правилното користење погледнете го прирачникот кој се испорачува со Kensington бравата.
✎
Пронајдете ја иконата “K” на задниот дел од телевизорот. Отворот за Kensington брава се наоѓа покрај иконата “K”.
✎
Позицијата и бојата можат да бидат различни, во зависност од моделот.
За заклучување на производот, следете ги овие чекори:
1. Замотајте го кабелот на Kensington бравата околу некој голем,
статичен објект како што е маса или стол.
2. Протнете го едниот крај од кабелот со прикачената брава низ другиот
крај на кабелот од Kensington бравата со јамка.
3. Вметнете го делот за заклучување во отворот за Kensington брава на
производот.
4. Заклучете ја бравата.
✎
Ова се општите инструкции. За детални инструкции, погледнете
го прирачникот за користење кој се испорачува со уредот за
заклучување.
✎
Уредот за заклучување мора да се купи одделно.
<Изборно>
Македонски - 15
[UF40005000-XH]BN68-04784C-06L09.indb 15
2013-11-21 10:42:46