Samsung RH57H90507F Instrukcja Obsługi

Strona 475

Advertising
background image

Македонски - 43

Р

АКУВАЊЕ

4. Свртете го филтерот

за вода 90˚ во насока
на движењето
на стрелките на
часовникот.

5. Притиснете го копчето “Lighting / °C↔°F (3

sec)” (Светло °C↔°F (3 сек)) (

) во траење

од 3 секунди за да го ресетирате филтерот
за вода.
Бојата на индикаторот се менува во црвена
и светлото се исклучува.

Во ново вградената влошка на
филтерот за вода може да истече вода
од диспензерот за вода.
Ова настанува како резултат на воздух
во доводот.
Не треба да претставува проблем при
работа.

При замена на филтерот за вода, водата
може да тече на дното од фрижидерот.
Ова е само привремена состојба така
што отстранете ја водата и користете ја.

Отстранување на остатоците во
внатрешноста на доводот на вода по
инсталирање на новиот филтер.

1. Притиснете на копчето за вода, а потоа

притиснете ја рачката на диспензерот со
шолја или чаша.

2. Пуштете да протечат 4 литри вода низ

филтерот, по една шолја или една чаша.
(Пуштете да протекува околу 6 минути.)
Тоа ќе го исчисти системот за довод на вода
и ќе го отстрани воздухот од доводите.

-

Во некои домаќинства може да биде
потребно дополнително испуштање.

3. Отворете ја вратата од фрижидерот и

проверете да не протекува вода од филтерот
за вода.

ВНИМАНИЕ

Снабдување со вода по пат на повратна
осмоза ВАЖНО:

Притисокот на доводот на водата којшто
произлегува од систем на повратна осмоза
во насока на влезниот вентил за вода на
фрижидерот треба да биде помеѓу 35 и 120 psi
(241 и 827 kPa).
Ако на вашиот систем за довод на студена вода
е приклучен систем за филтрирање на вода со
повратната осмоза, притисокот кон системот
за повратна осмоза треба да биде минимум 40
до 60 psi (276 до 414 kPa.)
Ако притисокот на водата кон системот за
повратна осмоза е помал од 40 до 60 psi (276
до 414 kPa):

• Проверете дали е затнат филтерот за

седименти во системот за повратна осмоза.
Заменете го филтерот, ако е потребно.

• Оставете го резервоарот во системот за

повратна осмоза да се дополни по честа
употреба.

• Ако фрижидерот има филтер за вода, тој

може понатаму да го намали притисокот на
водата кога се користи заедно со системот
за повратна осмоза. Отстранете го филтерот
за вода.

Ако имате прашања за притисокот на
водата, повикајте лиценциран, квалификуван
водоинсталатер.

Нарачување на филтери за замена

За да порачате повеќе филтерски влошки,
јавете се кај овластениот продавач за Samsung.

DA68-03015C-03.indb 43

DA68-03015C-03.indb 43

2014. 8. 12.

4:57

2014. 8. 12.

4:57

Advertising
Podręcznik ten jest związany z następujących produktów: