Samsung RZ28H6165SS Instrukcja Obsługi
Strona 223
Македонски - 7
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
- Не ставајте ја храната блиску пред
отворите за вентилација на задниот
дел од уредот, бидејќи тоа може да
го попречи слободното струење на
воздухот во замрзнувачот.
- Убаво завиткајте ја храната или
ставете ја во херметички затворени
садови пред да ја ставите во
замрзнувачот.
- Не ставајте нова храна за
замрзнување блиску до веќе
замрзнатата.
• Придржувајте се кон роковите на
чување и роковите на траење на
замрзнатите производи.
• Не мора да го исклучувате
замрзнувачот од струја доколку
имате намера да отсуствувате
помалку од три недели. Меѓутоа,
отстранете ја целосно храната
доколку имате намера да
отсуствувате три или повеќе
недели. Исклучете го замрзнувачот,
исчистете го, исплакнете го и
исушете го.
• Полнете ги резервоарот за вода,
чинијата за мраз, коцките вода
само со пивка вода.
• Ако замрзнувачот е
оштетен од вода, извлечете
го кабелот и контактирајте
со сервисниот центар на
Samsung Electronics.
• Не нанесувајте силен удар и не
употребувајте прекумерна сила на
стаклената површина.
- Скршеното стакло може доведе до
телесна повреда и/или материјална
штета.
ЗНАЦИ ЗА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ
ЧИСТЕЊЕ
• Не прскајте со вода
директно во внатрешноста
или надворешноста на
замрзнувачот.
- Постои опасност од пожар или
струен удар.
• Не прскајте со запаливи гасови во
близина на замрзнувачот.
- Постои опасност од експлозија или
пожар.
• Отстранете ги сите туѓи
тела или прав од иглите на
приклучокот. Не користете
мокра или влажна крпа кога
го чистите приклучокот,
отстранете ги страните тела
или правот од иглите на
приклучокот.
- Во спротивно, постои опасност од
пожар или струен удар.
• Не прскајте со средства за чистење
директно на екранот.
- Печатените букви на екранот може
да испаднат.
ВНИМАНИЕ