Ракување со вашиот фрижидер со француска врата, Со помош на контролна табла – Samsung RF24FSEDBSR Instrukcja Obsługi

Strona 383

Advertising
background image

ракување

_23

02

РАКУВАЊЕ

Ракување со вашиот фрижидер
со француска врата

СО ПОМОШ НА КОНТРОЛНА
ТАБЛА

10

9

1

2

3

5

6

4

7

8

( 1 )

Штедење

енергија

Со допирање на ова копче се вклучува и
исклучува режимот на штедење енергија.
Кога ќе ја вклучите опцијата за штедење
енергија се пали соодветната икона. Кога ќе
ја исклучите опцијата за штедење енергија
соодветната икона се гаси. Опцијата за
штедење енергија е фабрички поставена на
„ON“ (вклучено). Ако на вратите се појават
кондензација или капки вода, исклучете го
режимот за штедење енергија.

( 2 )

Замрзнувач

(Држете 3

сек за режим

на засилено

замрзнување)

Копчето за замрзнувачот има две улоги:

- поставување на замрзнувачот на саканата

температура.

- вклучување и исклучување на функцијата на

засилено замрзнување.

1) Поставување на температурата на

замрзнувачот

Допрете го копчето за да го поставите
замрзнувачот на саканата температура.
Температурата можете да ја поставувате помеѓу
-15 °C и -23 °C.

2) Функција на засилен замрзнувач
Држете го допрено ова копче во траење од 3
секунди за да го намалите времето потребно за
замрзнување на производите во замрзнувачот.
Тоа може да биде корисно за брзо замрзнување
на артикли коишто лесно се расипуваат или
кога температурата во замрзнувачот драстично
се зголемила (на пример, вратата останала
отворена).
При користење на оваа функција,
потрошувачката на струја на фрижидерот се
зголемува. Не заборавајте да ја исклучите
кога не ви треба и вратете го замрзнувачот
во првобитните температурни поставки. Ако
треба да замрзнете големо количество храна,
активирајте ја опцијата за засилено замрзнување
најмалку 20 часа однапред.

( 3 )

Аларм

(Држете

3 сек за

ресетирање

на филтерот)

Копчето за аларм има две улоги:

- вклучување и исклучување на алармот за

отворена врата

- ресетирање на индикаторот за рокот на

траење на филтерот за вода.

1) Функција на алармот за врата
Ако алармот за врата е поставен на „On“
(вклучено), алармот ќе титка штом некоја
врата на фрижидерот е отворена подолго од
три минути. Титкањето ќе престане штом ја
затворите вратата. Функцијата на аларм за
врата е однапред поставена во фабриката.
Можете да ја исклучите, така што ќе го
притиснете, па ќе го отпуштите копчето за
аларм. Можете повторно да ја вклучите на
истиот начин. Кога функцијата е вклучена се
пали иконата.
Кога функцијата на аларм за врата е вклучена
и кога ќе се огласи звучниот аларм, иконата
на алармот за врата ќе трепка додека се
огласува алармот.

2) Функција на индикаторот за рокот на

филтерот за вода

Откако ќе го замените филтерот за вода,
држете го допрено ова копче во траење од
3 секунди за да го ресетирате индикаторот
за рокот на филтерот за вода. Кога го
ресетирате индикаторот за рокот на филтерот
за вода, иконата за филтерот на панелот се
гаси. Иконата на филтерот за вода ќе стане
црвена за да ви стави до знаење дека е време
да го замените филтерот вода по шест месеци
(околу 1100 литри). Во некои подрачја, водата
содржи многу бигор, па филтерот за вода
се затнува многу побрзо. Ако тоа е случај кај
вас, филтерот ќе мора да го менувате почесто
отколку на шест месеци.

DA68-02916D-08.indb 23

DA68-02916D-08.indb 23

2014. 6. 19.

7:43

2014. 6. 19.

7:43

Advertising