Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид, Складирање и одржување – Samsung UE37D5000PW Instrukcja Obsługi
Strona 125
Македонски - 17
17
Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Влечење, туркање или качување врз телевизорот може да предизвика негово паѓање.
Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат; тоа
може да доведе до превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт.
Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во вклучениот безбедносен леток.
За дополнителна стабилност, поставете го безбедносниот систем против паѓање, според следното
упатство.
За да избегнете паѓање на телевизорот
1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто
стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто
стегнати на ѕидот.
✎
Може да ви бидат потребни дополнителни
материјали како типли, во зависност од типот на
ѕидот.
✎
Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици
не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите
дополнително.
2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната
страна од телевизорот, ставете ги завртките во
прицврстувачите и повторно стегнете ги завртките на
телевизорот.
✎
Завртките може да не бидат испорачани со
производот. Во тој случај, ве молиме купете завртки
со следните спецификации.
✎
Спецификации за завртките
x
За LED телевизор од 32 - 75 инчи: M8
3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите поставени на ѕидот со јака жица и
потоа силно затегнете ја жицата.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
x
Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.
x
Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат на иста
висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.
x
Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.
4. Проверете дали сите поврзувања се безбедни. Периодично проверувајте ги поврзувањата заради можно
разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до
професионален монтер.
Складирање и одржување
✎
Ако ја отстраните прикачената налепница од ТВ екранот, исчистете ги остатоците и потоа гледајте
телевизија.
Не прскајте вода или средство за чистење директно
на производот. Секоја течност која ќе навлезе во
производот може да предизвика несиправност, пожар
или електричен удар.
Чистете го производот со мека ткаенина натопена со
мало количество на вода.
Ѕид
[UD5000-XH]BN68-03432D.indb 17
2011-05-17 �� 5:11:36