Решавање на проблеми, Македонски- 10 – Samsung UE28F4000AW Instrukcja Obsługi

Strona 106

Advertising
background image

Решавање на проблеми

Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете да примените

ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.com,” а потоа кликнете на

Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.

Проблеми

Решенија и објаснувања

Квалитет на сликата

Пред сè, направете

Тест на слика за да потврдите дека вашиот телевизор правилно ја прикажува тест-сликата.

(одете во

MENU

-

Поддршка - Самодијагноза - Тест на слика) Ако сликата се прикажува на правилен начин,

причината за лоша слика може да биде изворот или сигналот.

Сликата на телевизорот не

изгледа толку добро како во

продавницата.

• Ако имате аналоген кабелски/set top box приемник, надоградете го со set top box приемник. Користете HDMI

или компонентни кабли за да добиете HD (висока резолуција) квалитет на сликата.

• Кабелски/сателитски претплатници: Испробајте ги HD станиците од понудениот список на канали.
• Поврзување со антена: Испробајте ги HD станиците откако ќе извршите автоматско програмирање.
• Многу HD канали имаат зголемена резолуција во однос на SD (стандардна резолуција) содржините.
• Поставете ја резолуцијата на излезниот видео сигнал од кабелскиот/Set top box приемникот на 1080i или

720p.

• Проверете дали го гледате телевизорот од минималната препорачана оддалеченост, земајќи ги во предвид

големината и резолуцијата на сигналот.

Сликата е изобличена: грешка во

макро блокот, малиот блок, точки,

пикселизација

• Компресирањето на видео содржините може да предизвика изобличување на сликата, особено кај слики со

брзи движења како во спортот или динамичните филмови.

• Ниското ниво на сигнал или лошиот квалитет може да предизвикаат изобличување на сликата. Овој

проблем не е поврзан со телевизорот.

• Користењето на мобилни телефони во близина на телевизорот (приближно до 1m) може да предизвика шум

на сликата кај аналогната и дигитална телевизија.

Боите се погрешни или

недостасуваат.

• Ако користите компонентна врска, проверете дали компонентните кабли се поврзани на соодветните

приклучоци. Несоодветното или лабаво поврзување може да предизвика проблеми со боите или празен

екран.

Недоволен интензитет на бои или

светлина.

• Прилагодете ги опциите за

Слика во менито на телевизорот. (одете во Режим на слика / Боја / Интензитет

/ Острина)

• Прилагодете ги опциите за

Заштеда на енерг. во менито на телевизорот. (одете во

MENU

-

Систем - Еко

решение - Заштеда на енерг.)

• Обидете се да ја ресетирате сликата за да ги видите зададените поставувања на сликата. (одете во

MENU

-

Слика - Ресетирање слика)

На работ од екранот има

испрекината линија.

• Ако големината на сликата е поставена на

Одг. на екран, променете ја во 16:9.

• Променете ја резолуцијата на кабелскиот/сателитскиот приемник.

Сликата е црно-бела.

• Ако користите композитен AV влез, поврзете го видео кабелот (жолта боја) со зелениот приклучок на

компонентниот влез 1 на телевизорот.

При менување на каналите,

сликата замрзнува, се изобличува

или доцни.

• Ако телевизорот е поврзан со кабелски приемник, обидете се да го ресетирате кабелскиот приемник.

Повторно приклучете го AC кабелот и почекајте да се вклучи кабелскиот приемник. Тоа може да потрае до

20 минути.

• Поставете ја излезната резолуција на кабелскиот приемник на 1080i или 720p.

Квалитет на звукот

Пред сè, извршете

Тест на звук за да потврдите дека звукот од вашиот телевизор правилно функционира.

(одете во

MENU

-

Поддршка - Самодијагноза - Тест на звук)

Ако звукот е OK, проблемот со звукот може да биде предизвикан од изворот или сигналот.

Нема звук или звукот е премногу

тивок при максималната вредност

за јачина на звукот.

• Проверете ја јачината на звукот на уредот (кабелски/сателитски приемник, DVD плеер, Blu-ray плеер итн.) кој

е поврзан на вашиот телевизор.

Сликата е добра, но нема звук.

• Поставете ја функцијата

Избор на звучник на ТВ звучник во менито за звук.

• Ако користите надворешен уред, проверете дали каблите за звук се поврзани на соодветните влезни

приклучоци за звук на телевизорот.

• Ако користите надворешен уред, проверете ја опцијата за излез на звукот на уредот (на пр. можеби треба да

ја промените опцијата за звук на вашиот кабелски приемник во HDMI, ако на телевизорот е поврзан HDMI

уред).

• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на

уредот.

Звучниците репродуцираат

несоодветен шум.

• Проверете ги поврзувањата на каблите. Проверете дали видео кабелот е поврзан на аудио влез.
• Проверете ја јачината на сигналот на антенската или кабелската врска. Ниското ниво на сигнал може да

предизвика изобличување на звукот.

Македонски- 10

[UF40005000S-XH]BN68-04904C-02L09.indb 10

2013-11-20 4:51:04

Advertising
Podręcznik ten jest związany z następujących produktów: